модификува св. и несв.

модификува (св. и несв.)

Ова нѐ наведува на поадекватен концепт за двонасочниот редукционизам каде двете науки, статистичката механика и термодинамиката на пример, се модифицираат во обидот за редукција за да доведат до нова наука која ги проширува нејзините прередуктивни компоненти и не може да биде сведена ниту на една од нив.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Третото читање или подобро третото погрешно читање е засновано на граматиката на насловот: зборот „тераписки“ е придавка која ја модифицира именката „разговор“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Самиот Гринавеј својата литературна предлошка толку ја модификува што тој на некој начин станува подобар или „подобар“, како што е случај со драмата THE DUCHESS OF MALFI (Војвотката од Малфи, 1614,) на Џон Вебстер која беше инспирација за ГОТВАЧОТ, КРАДЕЦОТ, НЕГОВАТА ЖЕНА И НЕЈЗИНИОТ ЉУБОВНИК, кадешто, како што тврди Шон Френч, „различните простории изгледа дека претставуваат различни етапи од историјата, едно архитектонско исмејување на човечкиот прогрес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Расправајќи за врската помеѓу свеста, и интенционалноста, од една страна, и можностите, способностите и општата умешност кои овозможуваат да функционираат нашите ментални состојби, од друга, Серл ја модифицира својата претходна замисла за „позадината“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Му се јавив на Брус Стерлинг во Тексас, и му реков, „Дечкото се модифицира; може да прави традиционални стимуланси. Кажи, што може да добие?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И во својата обновена форма оригиналот се модифицира - тој расте, созрева.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наместо тоа, тој сугерира дека преведувањето попрво би требало да се посматра како една инстанца во која јазикот би се согледувал како секогаш да е во процес на модификување на изворниот текст, на одлагање и разместување на која и да е можност за дофаќање на она кое изворниот текст сакал да го именува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Овие луѓе овде генетски се модифицирани, мутирале у некој нов облик.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Нивните имиња, од разбирливи причини (некои од нив се и живи) се модифицирани (но сепак препознатливи).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)